Нема настава во училиштата на 2 септември – СОНК со предупредувачки штрајк

Facebook
Twitter
Email
Print

Нема да има регуларен старт на наставата во основните и средните училишта во Македонија – новата учебна година в понеделник ќе започне со предупредувачки штрајк. Наставниците ќе дојдат на своите работни места, но денот ќе го поминат во своите канцеларии и нема да држат настава.

 

Дали децата ќе се примаат во училиштата без да има настава очигледно ќе зависи само од индивидуалните одлуки на директорите од образовните установи.

 

Синдикатот останува на истиот став бидејќи и по вчерашната средба со министерот не се договориле околу покачувањето на платите на просветните работници.

 

Предупредувачкиот штрајк ќе трае само еден ден. Доколку и до крајот на следниот месец нема значителен напредок на релација СОНК – МОН, ќе се излегува на протест

 

Последиците од немање договор ќе ги трпат децата, кои според новиот закон, пропуштените часови ќе ги дополнат во јуни кога ќе заврши годината.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци