Нова книга на прилепчанецот Звонко Димоски – „Ex nihilo: Репортажна поезија за Андалузија“, промоција на 6 април

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

„Ex nihilo: Репортажна поезија за Андалузија“ на Звонко Димоски е ракопис што ги обединува поезијата, патописот и документарниот пристап во современ книжевен текст инспириран од културната и духовната историја на Андалузија. Делото е конципирано како документарно-поетски циклус во кој Андалузија се чита како простор на историска меморија, мит и лична внатрешна географија. Делото ја развива формата на репортажна поезија — современ жанр што ги поврзува фактографијата, авторското сведоштво и поетската слика.

Структурно, книгата претставува заокружен поетски циклус составен од дваесет и четири тематски целини, посветени на конкретни места, личности и симболи од андалузиското културно наследство. Секоја песна функционира како поетска репортажа, надополнета со елементи на историско толкување и кратки воведни белешки, создавајќи впечаток на културна хроника во стих. Авторскиот пристап ја претвора Андалузија во симбол на повеќекултурност, соживот и духовна светлина, каде што се преплетуваат традициите на исламот, христијанството и јудаизмот, музиката на фламенкото и чувството на историска меланхолија.

Книгата е во издание на Полица, реализирана со поддршка на Министерството за култура и туризам.

„Ракописот „Ex nihilo – Репортажна поезија за Андалузија“ на читателот му нуди можност да ја запознае Андалузија, но не како географски предел, туку како духовен простор – живо место што се преселува во срцето на читателот. Во него, документарната прецизност постепено се преточува во чиста поезија, оставајќи силна емоционална трага и нова димензија во современиот македонски поетски израз. Оваа поетска книга сведочи за редок спој на интелектуална рефлексија и длабока лична чувствителност, кој создава впечатлива читателска блискост“, потенцира Ана В. Рингачева.

 

„Поезијата на Димоски создава впечатлива синтеза меѓу патописното сведоштво и лирската чувствителност, претворајќи го просторот во симболичен топос на внатрешното искуство. Неговите стихови ја откриваат Андалузија како метафора за враќањето кон изворната емоција и духовната припадност. Со тоа, авторот успева да изгради поетски свет што истовремено е конкретен и универзален, близок и длабоко созерцателен“, Мариола В. Миколајчакова (Полска).

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци