Нови 4 случаи на корона вирус во Прилеп, вкупно се заразени 89 граѓани

 

Денеска се регистрирани 4 нови случаи на лица заболени од КОВИД-19 во Прилеп, со што вкупниот број на инфицирани лица во општина Прилеп изнесува 89.

 

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се вкупно 14 лица позитивни на коронавирус. Тројца од нив во текот на денешниот ден ќе бидат испратени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, останатите 11 пациенти се со средна клиничка слика.

 

Двајца пациенти се сомнителни на коронавирус, земен им е брис и се чекаат резултати.

 

Во самоизолација се наоѓаат 373 лица, во изминатите 24 часа сите ја почитувале оваа мерка.

 

 

Во текот на изминатото деноноќие, едно лице не го почитувало полицискиот час, заради што ќе му биде поднесена соодветна пријава.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци