Ново задолжување од 25,8 милиони евра пред заминување на техничката влада

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Две државни обврзници во вкупен износ од 1.590 милијарди денари (25,8 милиони евра) од денеска котираат на Македонска берза. Министерството за финансии вчера даде налог за нивно издавање, соопшти Македонска берза.

Двете се со номинална вредност од 10.000 и со рок на враќање од 5 и 15 години.

Петгодишната државна обврзница е со вредност на емисијата од 590.750.000 денари (9,6 милиони евра). Издадени се 59.075 хартии од вредост, со каматна стапка од 4,2%. Доспева во јуни 2029 година.

Втората емисија е на износ од 1.000.020.000 денари (16,2 милиони евра). Емитувани се 100.002 обврзници, а доспеваат во јуни 2039 година. За нив каматата е  5,6%.

Ова ново задолжување на домашниот пазар се случува  непосредно пред стапување на власт на новата влада која уште за првиот месец од владеењето најави ребаланс на буџетот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира