Нов обид за измама: Внимавајте, Владата не дава 100 евра по жител, се работи за лажен линк што краде податоци од платежните картички

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Владата апелира до граѓаните да не наседнуваат на СМС-порака која преку лажен линк носи до идентична веб-страница како онаа на Влада, преку која креаторите се обидуваат да дојдат до податоци од платежни картички.

Од Владата велат дека е пријавено, а службите веќе работат на решавање на случајот.

„Ја информираме јавноста дека Владата на Република Северна Македонија НЕМА испратено СМС и други пораки во кои нуди надомест. Во конкретниот случај кој се појави во изминатите часови (прикажан на сликите подолу), станува збор за смишинг и фишинг измама која е пријавена и по која соодветните служби веќе постапуваат“, се вели во соопштението.

Во соопштението се советуваат граѓаните кои ќе добијат ваква порака или веќе ја добиле, истата треба да ја сметаат за лажна и да не кликаат ниту на дадените линкови, ниту да одговараат на пораките кои ги добиле.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира