НУК бара укинување на одлуката за забранет влез на невакцинирани

Facebook
Twitter
Email
Print

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Независната угостителска комора (НУК) бара од Владата целосно и безусловно да ја укине одлуката за забранет влез на невакцинирани во угостителските објекти, посочувајќи дека таа е условена и неспроведлива и дека е неприфатлива и за многу граѓани кои вчера излегле на протест.

„По синоќешниот врисок на граѓаните искажан преку паралелни протести низ цела Македонија, на Владата не  останува ништо друго, туку веднаш, по кратка постапка, да ја укине одлуката со која сакаше да се спроведе експериментален филтер на проверка дали и како системот на селекција на граѓаните може да функционира во време на пандемија на т.н. вакцинирани и невакцинирани, предвиден да се одвива со редарски служби преку угостителите и угостителските објекти од 16 август“, наведува НУК во соопштение.

Во однос на изјавата на министерот Крешник Бектеши, НУК бара од Владата „наместо да разгледува какви било други можности, разводнувања и дополнувања кон одлуката и мерката со која се забранува влез на невакцинирани во угостителски објекти“, веднаш да свика седница и да го разгледа и усвои нивното барање доставено на 10 август за целосно и безусловно укинување на одлуката во кратка постапка.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира