НУЦК „Марко Цепенков“ : АВРМ направила грешка, не бараме „инспициент/организатор“ кој треба да познава кинески јазик

 

Од Центарот за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп ја демантираат АВРМ и велат дека Агенцијата за вработување направила грешка при објавувањето на огласот, тие не барале „инспициент/организатор“ кој треба да познава кинески јазик.

Од НУЦК „Марко Цепенков“ го доставија целокупниот оглас кој го објавиле.

Врз основа на член 22 став 1 и  став 8 од Законот за вработените во јавниот сектор, член 22, став 1, алинеја 1 и член 23 став 1 од Законот за работните односи  и Согласност од Министерство за финансии бр 18-1193/2 од 09.02.2021 година, директорот на НУ Центар за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС

за вработување на 6 (шест) лица во НУЦК „Марко Цепенков“-Прилеп на определено време за период до 31.12.2021 година

 

 НУ Центар за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп објавува оглас за вработување на 6 (шест) лица на определено време на следниве позиции:

 

  1. Инспициент-асистент
    (врз основа на член 22 став 1 алинеа 2 од Законот за вработените во јавниот сектор)
    Општи услови:
    да е државјанин на Република Македонија,
    активно да го користи македонскиот јазик,
    да е полнолетен,
    да има општа здравствена способност за работното место и
    со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност
    Посебни услови:

ниво на образование 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен

Високо образование (Филозофија, Наука за книжевност)

Најмалку една година работно искуство во струката
Распоред на работно време:
работни часови во неделата: 40,
работно време од понеделник до петок од 08:30 до 16:30 часот.
Паричниот износ на основната нето плата  32.114 денари.

 

2. Електричар
(врз основа на член 22 став 1 алинеа 2 од Законот за вработените во јавниот сектор)
Општи услови:
да е државјанин на Република Македонија,
активно да го користи македонскиот јазик,
да е полнолетен,
да има општа здравствена способност за работното место и
со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност
Посебни услови:

Средно стручно образование (Електро-техничка струка)

со или без работно искуство во струката
Распоред на работно време:
работни часови во неделата: 40,
работно време од понеделник до петок од 08:30 до 16:30 часот.
Паричниот износ на основната нето плата  21.870 денари.

 

3. Работник за обезбедување
(врз основа на член 22 став 1 алинеа 2 од Законот за вработените во јавниот сектор)
Општи услови:
да е државјанин на Република Македонија,
активно да го користи македонскиот јазик,
да е полнолетен,
да има општа здравствена способност за работното место и
со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност
Посебни услови:

Средно образование

со или без работно искуство во струката
Распоред на работно време:
работни часови во неделата: 40,
работно време од понеделник до петок од 08:30 до 16:30 часот.
Паричниот износ на основната нето плата  21.221 денари

 

4. Тон оператор
(врз основа на член 22 став 1 алинеа 2 од Законот за вработените во јавниот сектор)
Општи услови:
да е државјанин на Република Македонија,
активно да го користи македонскиот јазик,
да е полнолетен,
да има општа здравствена способност за работното место и
со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност
Посебни услови:

Средно образование (Електро-техничка струка, Машинска струка)

со или без работно искуство во струката
Распоред на работно време:
работни часови во неделата: 40,
работно време од понеделник до петок од 08:30 до 16:30 часот.
Паричниот износ на основната нето плата  26.046 денари.

 

5. Реквизитер
(врз основа на член 22 став 1 алинеа 2 од Законот за вработените во јавниот сектор)
Општи услови:
да е државјанин на Република Македонија,
активно да го користи македонскиот јазик,
да е полнолетен,
да има општа здравствена способност за работното место и
со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност
Посебни услови:

Средно образование (Електро-техничка струка, Машинска струка, Шумарско-дрвопреработувачка струка)
со или без работно искуство во струката
Распоред на работно време:
работни часови во неделата: 40,
работно време од понеделник до петок од 08:30 до 16:30 часот.
Паричниот износ на основната нето плата 23.760 денари.

 

6. Друг одговорен сценски работник
(врз основа на член 22 став 1 алинеа 2 од Законот за вработените во јавниот сектор)
Општи услови:
да е државјанин на Република Македонија,
активно да го користи македонскиот јазик,
да е полнолетен,
да има општа здравствена способност за работното место и
со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност
Посебни услови:

Средно образование

со или без работно искуство во струката
Распоред на работно време:
работни часови во неделата: 40,
работно време од понеделник до петок од 08:30 до 16:30 часот.
Паричниот износ на основната нето плата  23.704 денари

 

Кандидатите за сите работни позиции, потребно е да ги достават следните документи:

Доказ за државјанство (не постаро од 6 месеци);
Доказ дека не им е изречена забрана на вршење професија, дејност или должност (не постаро од 6 месеци);

Доказ за општа здравствена состојба на работно место (не постаро од 6 месеци);
Уверение / диплома за завршен степен на образование:
Кратка биографија;
Писмо за мотивација.

 

Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време до 31.12.2021 година.
Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 5 работни дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот во дневниот весник (не сметајќи го денот на самото објавување).

Изборот ќе се врши во рок од 3 дена.
Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на НУ Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп или по пошта на следнава адреса:
НУ Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп
бул. „Гоце Делчев ” бб  7500 Прилеп
Архива на Центарот за култура
(со назнака „за оглас за вработување”) Контакт број 048/425-520

Ненавремените и некомплетните пријави нема да се разгледуваат.

 

 

 НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп

Директор, Рубинчо Белчески

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира