НУЦК „Марко Цепенков“: Објектот на прилепскиот театар надвор од употреба на неопределено време

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Почитувани почитувачи, следбеници, поддржувачи, верна публико и драги прилепчани, со доза на горчина ве извесуваме дека: Согласно препраката од Министерството за култура и туризам, а на официјално барање од страна на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, после извршениот формален инспекциски надзор и констатирање на серија фактички недоследности и отстапки од официјално пропишаните елементарни норми и стадарди за безбедно и непречено функционирање на една јавна институција, согласно член 141д. алинеа 2,3 и 4 од Законот за заштита и спасување, со усно врачено решение се забранува користење на објектот Народен театар „Војдан Черодрински“ – Прилеп, како објект за масовни приредби.
Тоа значи дека Народниот театар „Војдан Черондрински“ – Прилеп на неопределено време се става надвор од употреба за секаков вид на официјални театарски поставки, настани и случувања кои подразбираат масовно присуство на публика во организација на самиот театар.

Следствено, тоа подразбира дека сите премиери, театарски постави и други слични настани од масовен карактер се одложуваат на неодредено време.

Прилепскиот театар, во очекување на официјалната формална писмена забрана за јавни настани од масовен карактер на публика, ја известува јавноста дека тековните активности за подготовки на претстојни премиери, како и актуелните проби на актерскиот ансамбл, остануваат во редовно дејство и ангажман.

За сите понатамошни решенија и одлуки од надлежен институционален ентитет кои не обврзуваат на спроведување на истите, ве замолуваме да се водите и држите до официјалните објави на засегнатите институции – НУЦК „Марко Цепенков“, Прилеп и НТ „Војдан Чернодрински“, Прилеп.

Театарот и Центарот за култура својата смисла на постоење ја гледаат и доживуваат само во нормална и непречена интеракција со публиката.

Поради тоа, театарот и центарот за култура се држат до оптималните услови за сечија целокупна безбедност, одговорност и непречено доживување и искуство на културно-уметничките содржини.

Ваши НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп и НТ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци