Обвинителството побарало притвор за сите 36 обвинети

Facebook
Twitter
Email
Print

Основното јавно обвинителството за организиран криминал и корупција побара од Кривичниот суд изрекување мерка притвор за сите 36 лица против кои покрена истражна постапка поради основано сомнение за сторено кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста во врска со настаните од 27 април во Собранието, неофицијално  потврдуваат извори од Јавното обвинителство.

 

Обвинителство утринава соопшти дека е донесена Наредба за спроведување на истражна постапка против триесет и шест лица. Оттаму велат дека завршиле со предистражната постапка по преземање на сите дејствија за утврдување на фактите. За ова дело се предвидени најмалку 10 години затвор.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира