Објавен новиот број на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

ЦК „Марко Цепенков“ со поддршка на Министерството за култура и туризам го објави најновиот број на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“ 1 за 2026 година (година 72, број 1/2026). Новиот број донесува разновидна содржина – од поезија, проза, книжевна критика, философија… од домашни и странски автори.

Во рубриката „Поезија“ објавени се стихови од македонските авторки Оливера Андоноска и Илина Калчинске, како и избор од поезијата на турската авторка Гонџа Озмен, украинскиот поет Сергиј Жадан, српскиот поет Небојша Васовиќ, руската авторка Марина Цветаева и францускиот поет Алфред де Мисе, во препев на истакнати македонски преведувачи Звонко Димоски, Никола Маџиров, Владимир Мартиновски и Елена Карпузовска.

Во рубриката „Проза“ објавени се  раскази од Иван Календар (Иван Шопов) – „Ветроград“ и „Утешителот на жонглери“, како и расказот „Како на гумно се врши жито“ од хрватскиот писател Желимир Периш, во превод на Катица Гароска.

Во рубриката „Критики и есеи“  објавен е  текстот на Кирил Бисероски „Последниот рационалист – неколку актуелизации на филозофијата на Јирген Хабермас“,  по повод смртта на еден од највлијателните европски философи на современото време. Читателите ќе можат да ги прочитаат и текстовите на Лидија Капушевска-Дракулевска за книгата „Вообразби“ од Бранко Цветкоски, на Борис Симоновски за „Хронотопот на пустиот остров во „Силјан Штркот“ и „Робинзон Крусо“, како и освртот на Елизабета Дерменкоска-Цефи за монографската публикација „Еден музеј на една архитектура“, посветена на 111 години од раѓањето на македонскиот уметник Ѓорѓи Ачески – Аче.

ЦК „Марко Цепенков“ со објавувањето на „Стремеж“  потврдува дека со списанието, како едно од најзначајните македонски книжевни и културни гласила, дава простор на современото книжевно творештво од земјава и од странство.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци