Одбележани 121 година од раѓањето на Методија Андонов-Ченто

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Заедничка делегација на Општина Прилеп и Советот на Општина Прилеп како и делегации на политичките партии, денес положија свежо цвеќе пред споменикот на Методија Андонов-Ченто во центарот на градот.

Оддавањето почит пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ е по повод одбележувањето на 121 година од неговото раѓање.

Методија Андонов – Ченто е македонски национален борец, деец и политичар и прв претседател на Президиумот на АСНОМ, кој со своите дела во текот на својот живот, го трасираше патот по кој треба да чекорат идните генерации, водени од идејата за самостојна, независна и суверена Република Македонија. Поради несогласување со некои ставови на тогашниот режим на ДФ Југославија, во 1946 година, со пресуда на Окружниот суд во Скопје, бил осуден според Законот за кривични дела против народот и државата и тоа со лишување од слобода 11 години.

Роден е во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година, во својот роден град.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира