Одземена лиценцата на „Беса Травел“

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Министерството за економија денеска ја одзема лиценцата на туристичката агенција „Беса Травел“, објави министерот за економија Крешник Бектеши на неговиот Фејсбук профил.

По барање на Министерството за економија, Државниот пазарен инспекторат има извршено три вонредни инспекциски надзори во просториите на субјектот ДТППУ БЕСА ТРАНС БТБ ДООЕЛ експорт –импорт со адреса: село Рашче, Општина Сарај – Скопје, подружница БЕСА ТРАВЕЛ со адреса улица Стив Наумов број 2/2-3 Скопје, при што е констатирано дека истиот не обавува дејност, односно не работи. Државниот пазарен инспекторат, постапувајќи по наше барање, има доставено известување бр. 09-26-51 од 11.01.2021 година со кое информира дека правниот субјект не обавува дејност, односно канцелариите се затворени и во истите не може да се изврши инспекциски надзор па како министер за економија донесов решение за одземање на лиценцата, пишува Бектеши на Фејсбук.

Од ресорното Министерство ги повикуваат сите граѓани да проверат со кои туристички агенции патуваат, односно дали имаат важечки лиценци за работа издадени од Министерството за економија.

Бектеши вчера на прес-конференција најави дека ќе и биде одземена лиценцата на оваа туристичка агенција. Со оваа туристичка агенција патуваа 45-те македонски државјани кои враќајќи се од Истанбул загинаа во автобуската несреќа што се случи во близина на Софија во соседна Бугарија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира