Одземени две возила – акциска контрола на полицијата во Прилеп и Битола


Денеска во времето од 10.00-15.00 часот Одделението за полиција и Криминалистичка полиција при СВР Битола на подрачјето на  Битола и Прилеп спроведоа координирана акциска контрола за откривање на возачи на кои им е изречена прекршочна санкција, престанок на важење на возачката дозвола и забрана за управување со моторно возило, а забраната не е запишана во возачката дозвола односно возачката книшка и откривање на фалсификувани и украдени возила како и спречување на трговија со украдени возила.

„При акциската контрола исконтролирани беа 165 возачи при што констатирани биле 23 прекршоци во однос на возачи од кои 8 возачи немале впишани забрана во возачката дозвола, 6 возачи не носеле возачка дозвола, 5 возачи бесправно управувале возило, 2 возачки дозволи биле со измината важност, едно одземено возило по чл. 378 од КЗ односно фалсификување на исправа и едно одземено визило по чл. 344 од Законот за безбедност на патниот сообраќај. Откриени биле и 7 останати прекршоци“, велат со СВР Битола.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира