ВИДЕО- Одземени 3 запрежни возила со нелегални дрва – ноќна акција на прилепската Шумска полиција

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Вчера околу 22:00 часот, службениците од Шумската полиција од Прилеп реализираа нова ноќна акција на место викано „Роман“, при што беа одземени три запрежни возила натоварени со нелегално исечени дрва.

Одземените три запрежни возила (два шпедитери и една двоколка), натоварени со вкупно околу 3 м³ зелени дабови огревни дрва се во сопственост на лица кои вршеле бесправен транспорт.

Запрежните возила заедно со дрвата се одземени и предадени во ПШС „Црн Бор“ – , а против инволвираните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави согласно закон.

 

 

 

 

 

Шумската полиција од Прилеп продолжува со засилени контроли, особено во ноќните часови, со цел спречување на бесправната сеча и нелегалниот транспорт на огревно дрво. Апел до граѓаните: Ги повикуваме граѓаните да пријавуваат бесправна сеча, нелегален транспорт и сомнително складирање на огревни дрва. Само со заедничка соработка можеме ефикасно да ги спречиме незаконските активности и да го заштитиме шумското богатство“, апелираат од шумската полиција во Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци