Одличен викенд за Пингпонгарскиот клуб „Младост 96“ – Прилеп

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Пингпонгарскиот клуб Младост 96 од Прилеп имаше исклучително успешен викенд на домашната сцена. Во саботата, на Мастерс турнирот за млади до 19 години што се одржа во Крива Паланка, во женска конкуренција доминираа членките на Младост 96.

Софија Хасану го освои првото место, додека нејзината клупска колешка Фани Јованоска се пласираше на второто место, со што клубот освои двојна победа на турнирот.

Успесите продолжија и денес, со почетокот на пролетниот дел од Првенството на Македонија. Екипата на Младост 96 се соочи со ППК Радовиш и забележа убедлива победа од 4:0.

Две победи за прилепскиот тим извојува српскиот интернационалец Борчиќ, додека по една победа запишаа Нико Доага и повратникот во тимот од САД, Петар Костовски.

Со овој одличен старт на пролетниот дел од сезоната, Младост 96 уште еднаш потврдува дека е еден од најуспешните и најперспективните пингпонгарски клубови во Македонија.

Наредниот викенд се играат натпреварите од 11 и 12 коло каде ППК Младост96 се среќава со Вардар и 1060 АС Ѓорче Петров.

Исто така наредниот викенд започнуваат и првенствата во Првата женска лига,и Втората лига-мажи. Младост96 беше есенски првак и во женската прва лига,и во втората лига, каде играат младинците на клубот .

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира