Одржана работилница за подготовка на програма за реинтеграција, рехабилитација и ресоцијализација на осудувани лица

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Центарот за граѓанска иницијатива, во рамките на проектот „Пост – пенална програма за реинтеграција, рехабилитација и ресоцијализација на осудувани лица“, одржа работилница на тема Подготовка на програма за реинтеграција, рехабилитација и ресоцијализација на осудувани лица. Телото „Мрежа на институции“ составено од претставници од Казнено – поправниот дом Прилеп, Центар за социјални работи Прилеп, претставници од јавниот сектор, претставници од граѓанскиот сектор и од бизнис сектор заеднички со двајца експерти изработија работна верзија на Програмата за работа со осудени лица.

Програмата е прилагодена на потребите на секое осудено лице поединечно. Претходно развиената меѓуинституционална мрежа е одговорна за адаптација на програмата.

Целта на работилницата беше да ги истакне сите компоненти кои треба да бидат вклучени во програмата. Експертите заедно со учесниците на телото, со програмата ги адресираа највисоките фактори на ризик кои водат до рецидивизам на лицата кои се казнуваат и вклучија компоненти во програмата како што се домување, образование, ментално и физичко здравје, семејни мрежи итн. и предложија општ примерок на активности кои би можеле да се направат по ослободување на осуденото лице, со цел осудените да ја добијат соодветната поддршка што им е потребна. Учесниците на работилницата наведоа и критериуми што треба да се исполнат за осудените  да можат да ги користат средства за привремено домување и бизнис стартер пакет.

Програмата понатаму ќе биде доставена со сите институции и релевантни страни и ќе стане формален документ за работа со  осудени лица.

Проектот е финансиран од ЕУ и е во времетраење од 2022 – 2025 година.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци