Граѓаните, Црвениот крст ОО Прилеп, општествено одговорните компании, здруженијата, институциите, политичките субјекти и сите хумани луѓе од Прилеп се обединија во една заедничка цел – поддршка за Гостивар!
Благодарение на оваа заедничка акција, беа собрани и испратени повеќе од 6.000 литри флаширана вода, како помош за граѓаните на кои им е најпотребна.
Прилеп уште еднаш ја покажа својата хуманост, солидарност и подготвеност да помогне кога е најпотребно. Во моменти на предизвик, нашиот град повторно докажа дека знае да биде рамо за поддршка, да сплоти и да делува заеднички.
Искрена благодарност до сите што донираа, се вклучија во акцијата, помогнаа во организацијата и дадоа личен придонес. Секоја донација, секој ангажман и секој гест на добрина имаат непроценливо значење. Прилеп знае!