Од следната недела поевтинува и брашното

Facebook
Twitter
Email
Print
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Министерот за економија, Крешник Бектеши, најави дека од следната недела поевтинува брашното, но не со владина мерка, туку преку неформална обврска која си ја зеле производителите.

„Денеска бев информиран дека од наредна недела ќе следи дополнително намалување на цената на брашното од нашите производители! Нашата држава има општествено одговорни компании!“, објави министерот на социјалните мрежи.

Во својата последна мерка, Владата ги замрзна цените на јајцата и оризот, а беше најавено дека истото ќе следи за брашното и шеќерот доколку пазарот сам тоа не го стори.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци