„Од срце за Тоше“ – Тиквешките точакџиите се поблиску до Крушево

 

 

Тиквешките точакџии и оваа година во чест на Тоше ќе возат низ цела држава за да пристигнат до Крушево и да оддадат почит на музичката ѕвезда.
Овој херојски зафат е насловен „Од срце за Тоше“ и започна на 20-ти септември, а пристигнувањето во Крушево ќе се случи на 24-ти. Заради корона кризата точакџиите возат само низ Македонија, а не како минатите години од Нова Градишка, Хрватска, до Крушево.

„И оваа година ќе ги пречекаме овие почитувачи на ликот и делото на Тоше Проески. Го презеле овој сериозен зафат само за да оддадат почит на нашиот сограѓанин и музичка ѕвезда“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

 

Општина Крушево ја привршува изградбата на вечното почивалиште на Тоше со што пејачот ќе добие достојно спомен обележје.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци