На 26 -ти Октомври 2026 г. од 18.00 ч. во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ концерт ќе одржи Октетот Прилеп.
Октетот Прилеп ќе го одржи својот годишен концерт. Ќе се претстави со дел од својот репертоар на староградска песна , но и избор на ново подготвени композиции, со кои ќе го предизвика интерсот на јавноста.
Гости на вечерта се Сашо Башески, Викторија Георгиеска и Михаил Милошески.
Октетот Прилеп, долги години работи под патронство на ЦК „Марко Цепенков“ и има реализирани многубројни концерти во земјава и учествувано на фестивали.