ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ после 60 години доби спортска сала

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, придружуван од министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, денеска во Прилеп го посети основното училиште „Кире Гаврилоски – Јане”.

Основното училиште „Кире Гаврилоски – Јане” е едно од најстарите училишта во општината и минатата година беше целосно реконструирано и за прв пат после 60 години доби и современа спортска сала.

За време на обиколката на училиштето со директорката Кети Стевананџија, премиерот Ковачевски истакна дека направените темелни инфраструктурни зафати кои значат услови за современа настава, со пристап за учениците со попреченост, се стандард којшто ќе продолжи да се имплементира и оваа година, како дел од програмата за капитални инвестиции на Министерството за образование и наука, која оваа година за оваа намена има поголем буџет.

Претседателот на Владата Ковачевски за време на посетата го означи почетокот на првиот подготвителен натпревар за регионалниот турнир во одбојка кој се одржува во новата современа и опремена спортска сала на училиштето.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира