Општина Крушево демантира дека градската депонија гори. Реакцијата на Општината ја пренесуваме во целост.
„Дезинформација е дека депонијата повторно гори во Крушево, односно службите благовремено го изгасија пожарот и состојбата околу депонијата е стабилизирана. Фотографиите подолу покажуваат дека нема никакво загадување на градот и нема попречување во секојдневните активности на граѓаните и туристите. Апелираме до граѓаните и медиумите да ги проверуваат информациите затоа што како и секогаш општина Крушево стои на располагање за точни и навремени информации“, се вели во реакцијата на Општина Крушево.
Претходно од УМС на ВМРО-ДПМНЕ Крушево ги повикаа надлежните на град Крушево да им овозможат непречен тек на учесниците на светското првенство во параглајдинг и да го изгаснат ѓубриштето.