Општина Прилеп го доби првото од вкупно 9 специјализирани комунални возила за собирање и транспорт на отпад

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Во текот на вчерашниот ден ја презедовме испораката на првото специјализирано комунално возило за собирање и транспорт на отпад, кое Општина Прилеп го добива од Министерството за животна средина и просторно планирање во рамки на Регионалната програма за управување со цврст отпад, истакнаа денес од Општина Прилеп.

Станува збор за возило со капацитет од 8 кубни метри, кое е дел од вкупно 9 специјализирани камиони што ќе ги добие Општина Прилеп во рамки на регионалниот проект за управување со цврст отпад во Пелагонискиот и Југозападниот регион.

Во наредниот период, етапно ќе бидат испорачани уште 5 специјализирани комунални возила со капацитет од 12 кубни метри, уште едно возило со капацитет од 8 кубни метри и 2 помали камиони со капацитет од 6 кубни метри.

„Со оваа комунална опрема значително ќе ја зајакнеме ефикасноста на комуналните услуги и ќе направиме важен чекор кон воспоставување на интегриран и одржлив систем за управување со отпад, усогласен со европските директиви за отпад и депонии.

Со новата комунална опрема за справување со цврстиот отпад правиме конкретен чекор кон почиста животна средина, повисок квалитет на живот и намалено загадување, како и значително подобрување на јавната хигиена во нашиот град“, рече градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски.

Во рамки на овој проект за Општина Прилеп веќе се испорачуваат и 8318  канти за селекција на отпад и 126 контејнери од 1,1 кубен метар за собирање мешан отпад и отпад кој може да се рециклира.

Новата комунална опрема е обезбедена за 18 општини од Пелагонискиот и Југозападниот регион, со вкупна вредност од 11 милиони евра, во рамки на Регионалниот проект за управување со цврст отпад, кој се реализира со поддршка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и има за цел воспоставување на функционален регионален систем за управување со отпад.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци