Општина Прилеп демантира дека градоначалникот Јованоски има врска со објектот кој се гради во пазарот

Општина Прилеп и градоначалникот Илија Јованоски најенергично ги отфрлаат изнесените лаги од страна на советничката на ОК ВМРО-ДПМНЕ, Ирена Стерјоска Локвенец. Ова се вели во кусата реакција од Општина Прилеп која доаѓа по прес конференцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, која ја водеше Ирена Стерјоска Локвенец и на која таа запраша која фирма гради хотел во градскиот пазар во Прилеп и дали е вистина дека изградба на ваков тип на објект не е предивден со урбанистичките планови на општината ?

 

Реакцијата на Општина Прилеп ја пренесуваме во целост.

 

„Имено, објектот за кој советничката на ВМРО-ДПМНЕ зборува си има свој сопственик, со кој ниту Општината, ниту градоначалникот Јованоски имаат било каква врска. Сведоци сме дека во последно време од кујната на ВМРО-ДПМНЕ излегуваат лажни вести, шпекулации и клевети насочени кон локалната власт, а кои имаат за цел дискредитација на градоначалникот Јованоски и претседателот на Совет, Миле Талевски.

 

Доколку Стерјоска и Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ продолжат со трендот на клеветење, до надлежните служби ќе бидат поднесени соодветни пријави за нарушување на угледот и честа на првите луѓе на општина Прилеп“, велат од Општина Прилеп.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира