Општина Прилеп започнува со отворени средби со граѓани

Општина Прилеп започнува со отворени средби со граѓани. Секој четврток од 10:00 часот ќе имаат можност лично да разговараат со градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски за сите нивни прашања, идеи и проблеми што се однесуваат на заедницата.

„Вратата на Општина Прилеп ќе биде секогаш отворена! Нашата цел е транспарентност, соработка и решавање на реалните потреби на граѓаните“, велат од Општина Прилеп.

Средбите можете да ги закажете секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот, на телефонскиот број 076 22 99 15.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира