Општина Прилеп избра Локално собрание на млади со 24 претставници

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Општина Прилеп го избра Локалното собрание на млади пред кое претстои конститутивна седница за почетокот на новиот мандат на делегатите и нивните заменици, по чие конституирање ќе биде објавен повик за претставници во Локалниот младински совет. Согласно донесеното решение, во Собранието се избрани 12 млади делегати и 12 заменик-делегати, вкупно 24 млади претставници што ќе ги застапуваат интересите на младите граѓани.

Младинските делегати и заменик-делегати доаѓаат од повеќе организации, вклучувајќи: Црвена младина – Прилеп, ученички и ученички заедници од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“, СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“, СОУ „Орде Чопела“, СОУ „Ѓорче Петров“ и Гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп, ЛК СДММ – Прилеп, Младински совет – Прилеп, Коалиција на младински организации СЕГА – Прилеп, УМС ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп, Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т – Прилеп и Извиднички одред ФЕНИКС.

Локалното собрание на млади е тело кое го сочинуваат млади претставници од различни младински и ученички организации и има советодавна и застапувачка улога за прашања од младински интерес во локалната самоуправа. Според донесеното решение, целта на овој состав на Локалното собрание на млади е да спроведат избор на членови во Локалниот младински совет. Оваа институционална форма е предвидена со Законот за младинско учество и младински политики, според кој локалните совети се важен механизам за вклучување на младите во креирањето политики и донесувањето одлуки што директно или индиректно влијаат на нивниот живот, со цел да биде засилена нивната улога во општеството и во локалните процеси на донесување одлуки.

Од Општина Прилеп посочуваат дека оваа иницијатива е значаен чекор кон јакнење на младинското учество, создавање простор за гласот на младите да биде чуен и за конкретни придобивки да се реализираат на локално ниво.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци