Општина Прилеп и волонтери од Црвен Kрст за справување со жештините им делeа шишиња вода на прилепчани

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Поради зголемената фреквенција на луѓе на денешниот пазарен ден во Прилеп, како превенција од топлотниот бран, Општина Прилеп заедно со Црвениот Крст-Прилеп излегоа со заедничка акција. Волонтери од прилепскиот Црвен Kрст, денеска на непосредните менувачи им делеа шишиња со вода и едукативни флаери „Како против топлотниот бран“.

Во централното градско подрачје помеѓу граѓаните беше присутен  и градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески кој нагласи дека вакви и слични превентивни активности, Локалната самоуправа заедно со Црвен Крст – Прилеп ќе има и понатаму во интерес на сите граѓани доколу продолжи топлотниот бран, но сепак останува апелот и препораките кои ги упатувааат здравствените институции во Македонија да се  избегнува директната изложеност на сонце и прилепчани да го избегнат престојот на отворено во периодот од 11 до 17 часот, исто така апелирше Јовчески.

Со цел справување со жештините и за гаснење на жедта, Општина Прилеп ги активира и ги стави во функција и сите јавни 18 градски чешми – фонтани на територијата на општина Прилеп, со цел граѓаните и жителите од населените места да ги користат за пиење и  разладување.

Воедно,  Општина Прилеп и сите ЈКП во Прилеп почитувајќи ги одлуките за намалување на ризиците од високи температури, од 17 јули до 25 јули ги ослободија од физичко присуство на работното место и најранливите групи: бремените жени и лицата на возраст над 60 години, со организирање онлајн работата, таму каде техничко-технолошкиот процес го овозможува тоа.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци