Отворена изложбата „Боите на мојот град“ од авторот Филип Јовески

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Во фоајето на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп синоќа, 9.11.2022.  беше отворена изложбата на слики „Боите на мојот град“ од авторот Филип Јовески. На изложбата се претставени слики во комбинирана техника работени годинава, на кои се претставени значајни градски објекти, визури и пејзажи од Прилеп.

„Изложбата претставува кулминација на истражувањето на архитектонската форма низ илустрација и слика, искажано преку синергијата на двата аспекти од моето творештво: архитектурата и уметноста“, вели Јовески.

 Изложбата ја отвори Викторија Димеска, историчар на уметност, посочувајќи дека Јовески, применувајќи ги прагматичните  аспекти  и принципи на архитектонскиот цртеж, создал конструкција, додека со бојата креирал нова концептуална и амбиентална свежина.

„Мултидисциплинираната синтеза овозможува на деликатен начин да се изразат суштинските вредности на применетите дисциплини. …Со мапирањето на културно историските споменици и инкорпорирањето на прилепските пејзажни предели,  Јовески создава вонвременски холограмски простор на својот роден град, конструиран и обоен од сопствените сеќавања, импресии и емоции“, посочи Димеска на отворањето на изложбата.

Филип Јовески е дипломиран инженер архитект, магистер по архитектура. Има проектирано повеќе значајни објекти во Македонија и Германија. Учествувал на повеќе ликовни групни изложби и проекти, како и на уметнички колонии за вајарство и сликарство. Член е на ДЛУП. Во последните неколку години освен како архитект, работи и како дизајнер, илустратор на детски книги и концепт артист за графички новели.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира