Пендаровски: Благодарност до Србија, СРАМ за нашата држава за вакцинирањето на македонци во Ниш и Белград

 

По денешната седница на Советот за безбедност, претседателот Стево Пендаровски се заблагодари на Србија за вакцинирањето на македонски граѓани изминатиот викенд, но рече дека тоа е срам на за нашата држава.

„Гледавме слики од викендов во Србија, такви слики не смеат да се повторат. Благодарност за Србија, но тоа е срам за државата“, кажа Пендаровски.

Претседателот рече дека министерот за здравство го информирал дека од утре почнува масовната имунизација на македонското население, а Пендаровски му рекол дека масовната имунизација треба да трае без прекини до целосно вакцинирање на сите граѓани во земјата.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира