Пијана прилепчанка возела со 1.77 промили алкохол во крвта

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

На 17.02.2026 во 22:50 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп  ја лишија од слобода 37-годишната С.Ј.М. од Прилеп.

При контрола во патниот сообраќај на ул.„Страшо Пинџур“ во Прилеп, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувала и по преземени мерки било констатирано дека С.Ј.М. е под дејство на алкохол, односно дека има 1,77 промили алкохол во крвта.

Возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот, против неа биде поднесена соодветна пријава.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци