Поведена постапка за ловџијата од Прилеп кој вчера застрела друг ловџија

Основното јавно обвинителство Прилеп поведе постапка против едно лице  за кривично дело – Убиство од небрежност од член 126 од Кривичниот законик.

 

„Осомичениот, прилепчанец на возраст од 50 години,  на 17.01.2021 година околу 10:15 часот, во место викано Отин,  во близина на село Витолиште, Мариово,  застрел лице со кое заедно бил на лов на дивеч. Од повредите починал оштетениот, 25 годишен жител на Прилеп.

 

Јавниот обвинител кој постапува во предметот издаде наредби за обезбедување на траги и предмети кои можат да послужат како доказ, како и наредба за обдукција врз телото на починатиот заради утврдување на причините за смртта.

 

Обвинителството до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Прилеп поднесе предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот и тоа, обврска да се јавува еднаш неделно на службено лице во ОВР Прилеп и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање“, се вели во соопштението на Општина Прилеп.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци