На 05.08.2026 во 15:40 часот на ул„Радовишка“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода З.Р.(46) од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле мопед со прилепски регистарски ознаки уперавуван од З.Р. при што било констатирано дека го управувал без да поседува возачка дозвола.
На 05.08.2026 во 18:40 часот на ул.„Мире Цилкоски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Ц.М.(36) од Прилеп. При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ц.М., при што било констатирано дека го управувал без да поседува возачка дозвола.
По документирање на настаните ќе следуваат соодветни поднесоци.