Поднесена кривична пријава за нелегално насипување земја и шут на брегот и во Охридското езеро

Facebook
Twitter
Email
Print

 

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) утврдил дека на површина од 964 квадратни метри на брегот на Охридското Езеро, но и во самото езеро бил фрлен градежен шут на потегот помеѓу хотел „Далјан“ и Домот за стари лица кој е во изградба.

Според Инспекторатот во соработка со МВР сторителот веќе е пронајден и против него е поднесена соодветна кривична пријава.

„Со цел санирање на крајбрежјето, Инспекторатот поднесе и Информација за влијанието на нелегалното насипување на земја и шут на брегот на езерото во населба Далјан и за итно враќање на крајбрежјето во првобитна состојба. Имајќи го предвид мислењето на Хидробиолошки завод од Охрид дека ‘нелегалното насипување на земја и шут на брегот од Охридското Езеро во населба Далјан има негативно влијание врз Охридското Езеро, особено врз квалитетот на водата и седиментот, врз живиот свет во езерото, неговиот биодиверзитет, оплитувањето и други негативни последици на овој значаен акватичен екосистем’ очекуваме Владата да ги задолжи Министерството за транспорт и врски и Општина Охрид да го отстранат насипот и да го санираат крајбрежјето“, стои во соопштението на ДИЖС.

Тие се децидни дека уништувањето на природното наследство е недозволиво и виновниците мора да сносат одговорност.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира