Поднесена кривична против прилепчанец и правно лице од Прилеп поради измама при добивање на кредит

 

 

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Љ.Г.(39) од Прилеп и правно лице од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама при добивање на кредит или друга погодност“.

 

Во текот на 2016, Љ.Г. поднел апликација за активна мерка по Програмата за самовработување, доставена до Центар за вработување Прилеп и пријава за користење на грант, согласно условите од Програмата. По одобрување на апликацијата основал фирма и склучил Договор со АВРМ и УНДП, по што искористил средства во висина од 185.000 денари за набавка на опрема и материјали. Меѓутоа, спротивно на договорот и обврските, тој воопшто не реализирал финансиски трансакции и исплата на бруто плати, а фирмата по службена должност од страна на Централен регистар во текот на 2019 била ликвидирана, додека искористените средства не се вратени согласно со Договорот, со што се стекнал со противправна имотна корист, а на штета на Буџетот на Република Северна Македонија во износ до 185.000 денари.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци