На 31.12.2019 во Полициска станица Прилеп било пријавено дека во период од 01.30 до 06.30 часот во с. Локвени, прилепско, настанал пожар во куќа сопственост на С.Ј. (38), при што бил опожарен дел од таванската конструкција.
„Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Прилеп. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп“, информираат од СВР Битола.