Пожар во поранешно стовариште за градежни материјали во близина на Жито Прилеп

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Вчера во 11 часот во ТППЕ Прилеп добиле повик за пожар во близина на Жито Прилеп. Екипата од противпожарната служба излегла на терен првично со едно ПП возило. До моментот на пристигнувањето пожарот се проширил и го зафатил објектот на поранешното стовариште за градежни материјали Џоџо.

Веднаш потоа на терен пристигнало и второ возило на ТППЕ Прилеп при што пожарот за брзо време бил ставен под контрола, а потоа и целосно изгаснат и не е дозволено да се прошири и на соседните објекти.

„Ги замолуваме граѓаните во наредниот период да посветат внимание и воопшто да не ја палат тревата, стрништата или џубриштата затоа што пожарот може лесно да излезе од контрола, па од мал оган да испадне голем и неконтролоран пожар. Во перидот што следи со високи температури за овој дел од годината, кој што е дополнет со немање на дожд се замолуваат граѓаните воопшто да не ги палат тревите, нивите, стрништата“, велат од ТППЕ Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира