Помените за починатите ќе се извршуваат во сите цркви во Прилеп од 07.00 до 15.00 часот петок, сабота и недела

Се известуваат православните верници од град Прилеп, дека по повод претстојните празници Задушница и Духовден, а поради забраната од страна на Владата за одење на гробишта, помените за починатите ќе се извршуваат во храмовите (Св. Благовештение, Св. Петка, Св. Кирил и Методиј-Параклис и Св. Преображение) ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛИОТ ДЕН (петок, сабота и недела) почнувајќи од 7:00 – 15:00 часот (верниците ќе бидат услужени веднаш по доаѓањето во храмот во било кое време).

 

Се замолуваат верниците да ги почитуват мерките за превенција и заштита пропишани од Владата на Р. Македонија.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми