„Порти кон бескрајот“ – самостојната изложба од прилепскиот автор Илија Кочоски во ЦК „Марко Цепенков“



„Порти кон бескрајот“ е  самостојната изложба од прилепскиот автор Илија Кочоски, отворена синоќа во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“ -Прилеп. Кочоски на изложбата се претставува со дела поделени во два циклуси – првиот со 13 композиции кои претставуваат автентичен и единствен приказ на Тајната вечера и вториот од 8 дела  кои се раскошни и колоритни композиции.

Изложбата ја отвори м-р Викторија Димеска, историчар на уметност, која посочи дека Кочоски внимателно ги негува формите, облиците и структурите, применувајќи  колажен пристап во создавањето на делата.

„Авторот Илија Кочоски создал  непроценлива ризница од  композиции работени во комбинирана техника-масло на платно, бакарна фолија, сребрена боја, дрвени резби и позлатени клинци. Тој развил разновиден семиотички  систем и изградил сопствен  уметнички идентитет, изразувајќи го бескрајот на човечкиот дух со виртуозна употреба на бојата. Тој вдлаби траг и создаде  апотеоза на вечната дилема и борбата за вистината меѓу науката , уметноста и религијата“, рече Димеска, на отворањето на изложбата.

Ова е трета самостојна изложба  од Илија Кочоски, кој како архитект е автор на повеќе споменици и плочи низ Прилеп и околината.

 

 

 

 

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира