Поставени кутии за донации за 12 годишниот Михаил Стеваноски од Прилеп


Маја Стеваноска од Прилеп е мајка на дванаесет годишните близначиња Михаел и Кристијан. Но Михаел на едното око е слеп, има церебрална парализа на левата страна од телото и застој во растот и развојот зад своето братче. Кај Михаел пред извесен период му е дијагностициран и тумор на мозокот за чија операција неговите родители немаат средства.

Немаат повеќе пари ниту за лекарски прегледи и лекови и за другите негови болести. Во лоша здравствена состојба е и неговата мајка Маја која е оперирана од тумор на мозокот, а има и епилептични напади и не е работоспособна.

Секој оној кој сака да ја контактира Стеваноска тоа може да го направи на 078-204-183 или да донира средства на оваа жиро сметка – 300027087653847 Комерцијална Банка.

Денеска се поставени и кутиции за донации на повеќе места во Прилеп на следните локации:

  • Во улицата кај лимарите во „Фема текстил“
  • Точила „Кај Кусио“
  • Тобако 51 до Златна копачка на плочникот
  • Во уличката кај цвеќарите „Цвеќара Мартина“

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира