Почина британскиот принц Филип, сопругот на кралицата Елизабета Втора

 

Британскиот принц Филип почина на 99-годишна возраст, пренесува Би-Би-Си. Веста за смртта ја потврди и Бакингемската палата.

„Со длабока тага, кралицата ја објави смртта на својот сакан сопруг, принцот Филип, војводата од Единбург“, се вели во соопштението на кралицата.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)


Принцот Филип и кралицата Елизабета се во брак 73 години, што го прави сопруг на владејачкиот монарх со најдолг мандат од 69 години.

Принцот е роден на 10 јуни 1921 година, а потекнува од грчко и данско кралско семејство. По школувањето во Франција, Германија и Велика Британија, тој се приклучил на британската кралска морнарица во 1939 година кога имал 18 години.

Со тогашната принцеза, а сега Кралица Елизабета се запознале во 1934 година, а по Втората светска војна, Филип добил дозвола од кралот Џорџ Шести да ја запроси Елизабета.

Пред свршувачката јавно да биде објавена во 1947 година, Филип се откажал од грчките и данските кралски титули и станал полноправен Британец, земајќи го презимето на предците на неговата мајка, Маунтбатен.

Филип и принцезата Елизабета се венчале на 20 ноември 1947 година, по што тој доби британски кралски титули.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира