По 5 пат во СОУ „Ѓорче Петров“се организираше креативниот конкурс „Јелена Крстиќ“


Оваа година, по петти пат СОУ „Ѓорче Петров“, професорите од Активот по текстилство и професорката по ликовна уметност Марта Макеска го организираа креативниот конкурс „Јелена Крстиќ“.

Соработник во организацијата и реализацијата на Конкурсот беше и модното ателје Сидор од Скопје и модниот креатор Дејан Сидороски, кој средношколските денови ги поминал во нашето училиште.

„Конкурсот се реализира во чест и спомен на Јелена Крстиќ, талентирана ученичка во текстилно-кожарската струка. Со него се поттикнуваат креативните способности, се развива сенсот за естетика, мода, комуникацијата и пријателството. Истиот е и натпревар на вљубениците во модниот дизајн и уметноста од текстилно-кожарската струка, но и од сите други струки во училиштето и во него победници се сите, зошто разбудувајќи ја својата фантазија, создаваат прекрасни, уникатни творби. Темата на годинашниот Конкурс- „Ултра модерна облека и акцесоари со етно елементи“ создаде спој на модерното и традиционалното видено од перспектива на учениците, па затоа сведоци сме на креативна поплава од ликовни творби и посебно убави акцесоари. Благодарение на спонзорството на компаниите од текстилниот сектор „Тритекс“ и „Комфи Ангел“‚ неколку ученици се одвоија од творечката ризница и добија скромни , но за нив важни награди.

 

 

Семејството Крстиќ -родителите на Јелена, наши пријатели и поддржувачи и оваа година ја додели Гран при наградата на Конкурсот. Секој учесник за спомен доби чаша дизајнирана со обележја и модел од Конкурсот и Сертификат. Благодарност се изрази до модниот креатор Сидор за искрената соработка и иницијативата во своето студио да изработи модел кој ќе го подари на авторот на истиот, до текстилните компании „Комфи Ангел“, „Кули“, „Мартекс“‚ „Хатра“, со кои училиштето соработува и реализира активности и во областа на дуалното образование со учениците од Секторот за Текстил, кожа и слични производи, на учениците и професорите кои дадоа белег на настанот и до директорката на СОУ „Ѓорче Петров“ – Петра Лукароска, поддршка и промотор на сите активности од текстилно-кожарската струка и од сите други струки, се за поголема афирмација на делата на учениците и на училиштето во целина“,велат од СОУ „Ѓорче Петров.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира