ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
Во саботата, на 18.11.2023 се одржа регионалниот натпревар по Македонски јазик и литература во организација на Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература. Натпреварот се одвиваше во ООУ „Кочо Рацин“ Прилеп, а Гимназија „Мирче Ацев“ имаше свои претставници во две категории: натпреварувачи од втора и трета година.
Ивана Атанасоска II-7 го освои првото место со освоени 94 поени (од вкупно 100), а Марија Јованоска од III-8 го освои второто место во својата категорија со освоени 87 поени. Одличниот настап на овој натпревар им овозможи учество и на Државниот натпревар по Македонски јазик и литература кој ќе се реализира во скора иднина.
Ментор на двете ученички е професорот Мартин Наумоски.