Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Гимназијата СОУ Св. Наум Охридски од Македонски Брод викендот кој измина, забележа огромен успех и докажа дека и тоа како може да се носи со далеку поголемите средни училишта во Република Македонија.
Имено, на реализираниот државен натпревар по историја во организацијата на ЗИРМ (Здружение на историчарите на Република Македонија) на 17.05.2025 година на Филозофскиот факултет во Скопје, ученичката од прва година Анастасија Андова, под менторство на професорот по историја Зоран Трпчески, го освои првото место во конкуренција на повеќе од сто ученици од училишта ширум државата.
Овој резултат е вистински показател дека гимназијата, иако една од најмалите во државата, располага со квалитетни наставни кадри и солидни ученици, кои знаат и умеат достојно да ги бранат боите на своето училиште и општината во која живеат.
Честитки до ученичката и менторот.


