На 31.12.2020 во 16.10 часот било пријавено дека во Прилеп на ул.„Крушевска“, патничко возило „лада нива“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Г.Н.(48) од Прилеп удрило во пешакот Д.К.(48) од Прилеп.
„Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница Прилеп. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп“, информираат од МВР.