Прекината седницата за уставните измени – власта не успеа да собере 80 пратеници

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Собранието денеска во рамките на 123-тата седница ја заврши расправата за Предлогот за пристапување кон измена на Уставот со кој се предвидува вметнување на Бугарите и на уште пет етнички заедници во Преамбулата на Уставот.

Последен за збор беше пријавен координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески по чие излагање претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата и најави дека за продолжувањето пратениците ќе бидат дополнително информирани.

„Констатирам дека претресот е завршен. Тука ја прекинувам работата со оваа седница, а за продолжувањето ќе бидете дополнително известени“, рече Џафери.

По прекинувањето на седницата се слушаа негодувања од пратениците од опозицијата кои при носењето на дневниот ред за седницата гласаа против.

За усвојување на точката на дневен ред е неопходно да гласаат минимум 80 пратеници. Тоа е првата од вкупно трите фази неопходни за промена на Уставот. При носењето на дневниот ред на седницата 70 пратеници гласаа „за“, а 47 беа „против“. Расправата согласно Деловникот на Собранието можеше да трае 10 работни дена.

Внесувањето на Бугарите во Уставот е услов за земјава да ја одржи втората меѓувладина седница и да ги продолжи преговорите со Европската Унија за полноправно членство во Унијата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира