Прехранбените фирми можат да се пријават до 20 декември за субвенционирана струја

Facebook
Twitter
Email
Print
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Субвенционирано снабдување со електрична енергија преку ЕСМ продажба почна од 1 декември за пријавените и прифатени физички и правни лица регистрирани за вршење приоритетна дејност од областа на прехранбената индустрија, по шифри опфатени во одлуката на Владата. Субјектите од оваа категорија кои не поднеле документи или при пријавата поднеле некомплетни документи, можат да се пријават со комплетна документација до 20 месецов и да бидат снабдувани преку ЕСМ Продажба од 1 јануари следната година, потсетуваат денеска од АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).

Одлуката на Владата со која на ЕСМ Продажба му се даде обврската за снабдување на дополнителен број потрошувачи, појаснуваат од ЕСМ, е донесена со цел да се спречи раст на цените на одредени прехранбени производи и да се постигне и нивно намалување.

ЕСМ Продажба, по истата одлука, досега снабдува 309 јавни основни и средни училишта и 51 водостопанско и комунално претпријатие кои работат со пумпни или пречистителни станици.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци