Приведен заканувачот Емил Јакимовски

Facebook
Twitter
Email
Print

Поранешниот вработен во Централниот регистар, Емил Јакимовски, денеска е приведен од полицијата по низата закани што ги упати изминатиот период и по пријавите што ги поднесоа новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска.

 

Меѓутоа, засега нема информации за кое дело е приведувањето и дали е поврзано со последната пријава од Јордановска и Коровешовска или во врска со други пријави поднесени од претходно.

 

Јакимовски во средата беше повикан на распит во полиција поради заканите, а покрај новинарките тој им се заканувал на директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска-Јанковски, на вработени во институцијата и на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

 

Заканите кон неговите колеги биле веќе претходно пријавени во полиција.

 

Директорката на Централниот регистар минатиот викенд му даде и отказ поради нарушување на угледот на институцијата.

 

Тогаш беше хакирана и фејсбук-страницата на Централен регистар, од каде што објавија дека се сомневаат дека зад тоа стои токму Јакимовски, кој ја креирал страницата уште пред 10 години кога бил раководите на Одделението за маркетинг и односи со јавност.

 

 

 

 

 

 

[poll id=”-2″]

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци