Приведен 39 годишен прилепчанец, пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага


На 22.09.2021 во населба Точила во Прилеп, полициски службеници од Полициската станица Прилеп го лишиле од слобода В.Д.(39) од Прилеп.

При претрес во неговиот дом и други простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира