Денеска продолжија активностите на Извидничкиот одред „Феникс“ во пресрет на Денот на извиднците 22 февруари. Беа поставени неколку контролни точки во близина на центарот на градот, кај театарот, судот, гимназијата, Саат кулата и Домот на култура „Марко Цепенков“.
На секоја од контролните точки имаше по некој предизвик за учесниците, на пример на дешифрираат порака, да нахранат улични животни, да се сликаат со знаменитости итн. Дел од контролните точки беа дигитални односно учесниците имаа за задача да скенираат QR код, па потоа преку линк да стигнат до предизвикот.
Од Извиднички одред „Феникс“ имаше вклучено 50 учесници и волонтери, односно беа формирани 10 екипи кои ја поминаа стазата, а додека на територија на Македонија, во 8 градови, се вклучија повеќе од 500 извидници кои поминаа по патеката „БАДЕН ПАУЕЛ“.
Инаку, патеката доби име „Баден Пауел“ по основачот на извидничкото движење Лорд Роберт Баден Пауел.