Прилепски Водовод отстрани голем дефект во Спомен Домот „Тодор Проески“

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Националната установа „Спомен куќа Тодор Проески”- Крушево во изминативе 2 месеци месеци се соочуваше со дефект – истек на енормно голема количина на вода во сопствената водоводна мрежа. И покрај големите напори за утврдување на причината за големата потрошувачка на вода и лоцирање на дефектот од страна на надлежните служби проблемот не бил лоциран.

„По барање на Директорката на Спомен куќата Тодор Проески – Крушево, ЈКП „Водовод и канализација”- Прилеп им излезе во пресрет за решавање на проблемот, односно лоцирање на дефектот. Екипата на ЈКП „Водовод и канализација”- Прилеп излезе на терен и со помош на геофон и корелатор во кругот на Спомен куќата изврши лоцирање и обележување на дефект на водоводната линија Ф63 после водомерна шахта. Со тоа се реши сериозен проблем со кој се соочуваше Националната установа како од технички така и од финансиски аспект“, велат од ЈКП „Водовод и канализација”- Прилеп.

и од Спомен домот потврдуваат дека дефектот претставувал голем проблем за нив како и за крушевското ЈП „Комуна“, како во однос на загубите на вода, така и со зголемените сметки.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира